000

Покрај страствената и експлицитна привлечност, ,,Педесет нијанси сиво’’ го прикажува и раскошниот и екстравагантен животен стил на Кристијан Греј, популарниот милионер и главен машки лик од истоимените филм и книга. Тој се рефлектира во облеката која ја носи, неговите хобија, но и неверојатниот апартман во кој живее. За филмскиот сет, дизајнерскиот тим од студиото ,,Couvet Lounge”, во соработка со партнерските брендови добиле особено тешка задача – да создадат пентхаус во каков би требало да живее Кристијан Греј според книгата, обезбедувајќи го притоа со скап мебел и богати детали кои прилегаат на екстравагантниот начин на живот кој го негува главниот лик. Маркантниот дизајн од брендовите Boca Do Lobo, Delightfull, Brabbu и Koket се покажал како совршен избор за автентично прикажување на неговиот милионерски вкус. Деталите биле внимателно селектирани да се вклопат во стилот на внатрешниот дизајн – од чиста авангарда до органско и строго женствено, давајќи му јак и современ дизајнерски призвук на ентериерот. Безвремената елеганција и рафинираност на секое парче ја следи приказната во целост, откривајќи го луксузот на елитниот свет, полн со сирова, природна страст, но и допир на женска перспектива. Мебелот не е наменски изработен за филмот, но дизајнерите се вљубиле во неговата софистицираност, а со мали модификации идеално бил прилагоден за намената. Во продолжение ви покажуваме што се’ се крие во внатрешноста на овој чудесен пентхаус, но и делови кои нема да ги видите во филмот. Ѕирнете во ентериерот на Кристијан Греј – синоним за раскош и моќ!

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

НЕМА КОМЕНТАРИ