1

Доколку сте љубители на интимниот амбиент кој го поседуваат животните простори во поткровје, како и посебниот шарм на ентериерите со мали димензии, тогаш домот кој ви го прикажуваме во продолжение ќе ве освои на прв поглед, имајќи предвид дека го обединува најдоброто од двата светови. Станува збор за тавански станбен простор со површина од 20 метри квадратни, кој е одличен пример дека ништо не е невозможно, па дури ни тоа целиот животен стил да се спакува во минијатурни пропорции, но и вешто да се исползува како предност поставеноста на закосените тавани. Со компактниот дизајн и добрата организација и план на просторот, постигнат е идеален распоред во кој умешно се сместени пријатен дневен престој, екипирана кујна, мала трпезарија и удобна спална соба – сите комуницираат во една отворена целина, а како засебна просторија издвоена е единствено бањата. Недостигот од поголема квадратура е надминат со паметните решенија за складирање, со кој е практично искористена буквално секоја слободна површина, како што е случајот со просторот под креветот или над кујнските елементи. Стилизиран е минималистички и суптилно, без премногу декорации, но сепак зрачи со убавина, комфор, лежерност и пријатен амбиент, овозможувајќи удобен престој за личност која живее сама, или, пак, пристојно место за млада двојка која е во потрага по привремен дом. Погледнете како изгледа овој сладок дом и одберете ја омилената идеја и за вашето катче за живеење. За малку поинаква инспирација, а во иста квадратура, потсетете се и на уште едно мини поткровје од 20м2, кое ви го прикажавме неодамна.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Вештица“ и на француски јазик
Следна објаваНовата колекција на Burberry Prorsum
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ