Да патуваш значи да откриваш нови светови насекаде околу тебе, да запознаваш култури и традиции различни од оние во родната земја, да добиеш многу повеќе отколку што си се надевал. Патувањето не е само патување, тоа е многу повеќе од тоа. Не за џабе велат дека патувањето е единственото нешто за кое даваш пари, а на крајот си побогат.
Екипата од The Perrenial Plate направија одлично видео за тоа што всушност значи да патуваш. Видеото изобилува со прекрасни пејсажи од 12 различни земји и интересни цитати за патувањето. Работено е во период од 14 месеци и претставува реклама за агенцијата Intrepid Travel по повод нејзиното 25годишно постоење. Уживајте.