Дизајнерката за ентериер и осветлување Elina Dasira заслужна е за интересниот концепт на овој шарен стан, чија намена е да биде дом за млад пар. Бидејки двојката минува голем дел од времето во домот со семејството и пријателите, едно од барањата било тој да биде удобно и модерно место. Идејата при внатрешното уредување била да се создаде различен амбиент во секоја соба, испириран од четирите годишни времиња. Секоја соба има единствена позитивна енергија, благодарение на живите бои и користењето природни материјали при дизајнирањето на ентериерот. Утрото започнува во удобната кујна, модерна и свежа, со многу природна светлина и ергономично уредена. Ѕидниот тапет остава отворен прозорец за пролетниот здив да ја разнесе ведрината за убав почеток на денот. Во 40 метри квадратни сместени се трпезаријата и дневниот престој, каде сопствениците можат да уживаат во природните материјали и оригиналното таванско осветлување, додека атмосферата содржи есенска тема. Тиркизната боја на ѕидовите во спалната соба, пак, создава опуштено летно чувство – како да се наоѓате на базен, додека бојата се одразува во остатокот од просторијата.

0001

0002

0003

0004

0005

0006

0007

0009

0008

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВеличествени библиотеки | Franck Bohbot
Следна објаваНајдобриот парфем според хороскопскиот знак
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ