Bel Ami

Режија: Declan Donnellan & Nick Ormerod

Според новелата на: Guy de Maupassant

Сценарио: Rachel Bennette

Улоги: *Robert Pattinson (Georges Duroy)

                      *Uma Thurman (Madeleine Forestier)

                           *Kristin Scott Thomas (Virginie Rousset)

                   *Christina Ricci (Clotilde de Marelle)

              *Colm Meaney (Monsieur Rousset)

 001Постојаната потрага по слободата и вечниот немир се во с’ржта на француската историја. Можеби затоа француското општество е често претставено во класистичките дела како превртливо, незрело и себично.

Според новелата на Guy de Maupassant, на големото платно се долови една неконвенкцијална приказна меѓу строго детермираните конвенцијални општествени сталежи.

Што се случува кога еден сиромашен заводник паѓа во очите на три благороднички од високите кругови?

002

Преплет на лажни бракови и многу, многу љубовници. Моралот кај „најморалните“ паѓа толку ниско, што на моменти ќе Ви стане одвратна лекомисленоста и глупавоста на вљубените.

Жените иако не се поканети на партија покер, тие управуваат со општеството.

Но, кој управува со вљубените жени, ако не нивниот љубовник?

004

Тешките животни услови на младиот амбициозен Жорж го доведуваат до незамисливи планови за успех. Немајќи никаков општествено-корисен талент, тој се впушта во расипувањето на бракови од високите кругови, единствено со цел да добие добра работна позиција и углед. На прекрасната Madeleine и нуди брак пред мртвото тело на нејзиниот сопруг. Користејќи го нејзиниот талент, се обидува да ја падне француската влада од власт.

Најголемиот шок доаѓа на крајот од приказната, кога се жени со ќерката на неговата поранешна љубовница.

005

Филм кој мора да го погледнете уште овој викенд!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоткровје од 69 метри квадратни
Следна објаваПредлог- фризури за новогодишната ноќ (1 дел)
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ