Дали знаеете што е слем-сцена? Денес, (12.12.2014 година) во 17 часот во Електронската лабораторија на Филозофскиот факултет при УКИМ, Отворен куфер и Излез Ве поканува на проекција на избрани видеа со најдобрите слем-изведби на поезија од англиско говорно подрачје. По проекцијата, модератор на дискусијата околу слем-сцената во Македонија и поетските читања воопшто ќе биде м-р Афродита Николова, дел од уредничкиот тим на Ш и слем-шампион на Македонија за 2014та година. Николова ќе ги сподели и искуствата од европскиот слем натпревар на кој ја претставуваше Македонија.

.1.

Нашата идеја е дека за да живее слем-сцената во Македонија, прво мора да има серија разговори за и двата чинители, публиката и поетите вистински да го сфатат слемот како правец – затоа што не може едноставно да се накалеми на сите оние читања на кои сме навикнале“, велат од уредничкиот тим на Ш.

Уште еден показател за креативната страна на животот, се гледаме на SLAMDOWN уште денес!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗлатни и бели декорации
Следна објаваТрикови за совршена коса
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР