0

Прекрасната стара куќа која ви ја претставуваме се наоѓа на брегот Марезме во Шпанија. Изградена е во далечната 1865 година, а неодамна е потполно обновена и реновирана. Некогаш темните и мрачни соби денес се заменети со снежно бели ѕидови и мебел. Елегантно уредениот ентериер кој изгледа како неговиот дизајн да е дело на некоја снежна вила, исполнет е со преубави декорации во неутрални тонови и бои. Доминира спојот на бела и беж боја, а надополнет е со внесувањето на златни празнични елементи. За магичната атмосфера во оваа куќа се заслужни многубројните украсни детали, распоредени помеѓу снежните ѕидови и парчињата мебел, како винтиџ декорации, зелени гранчиња, цвеќиња и декоративни свеќи. Амбиентот изобилува со нордиски мотиви и секој детал е на свое место. Дури и да не сте претерано романтични, или, пак, таквиот стил на украсување не ви е меѓу омилените, сепак, овој прекрасен дом сигурно ќе ве воодушеви. Уживајте!

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФасцинантни фотографии од различни форми на течности
Следна објаваЗимски дворец во Австрија
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ