naslovna

Доколку ви недостасуваат идеи каков украс да додадете во вашиот дом за претстојните празници, ние ви претставуваме еден интересен лустер кој можете лесно да го направите сами. Чипкастиот изглед ќе му даде посебна топлина и ќе го облагодари просторот. Вистинско уживање за празниците. Потребни ви се само балон, чипка, лепак и креативност.

Подготовка:

1. Купете голем балон со подебела текстура во форма на круг и надувајте го.

2

2. Чипката која сте ја одбрале како мотив добро натопете ја и зелепете ја за балонот со лепак за тапети.

3

3. Заврзете го балонот и оставете го да се исуши во текот на ноќта. Можете и уште еднаш да го поминете со лепак за поубаво да се залепи.

4

4. Кога балонот ќе се исуши, дупнете го со игла, извадете го и засечете го малку отворот за да може да протнете кабел и сијалица.

5.  На крај, отворот кајшто сте ставиле сијалица зашијте го со бел конец.

5

6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФилм препорака | Споменикот на Мајкл Џексон
Следна објаваДевојката со тетоважа на змеј – Стиг Ларсон
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР