Дали имавме револуција или пуч? Кој пукаше на 21.? Дали пукаше војската или припадниците на Секуритате маскирани во војнички униформи? И најважно од се’, се бореа ли меѓусебно терористите и војската или само се преправаа? И во чија корист?

21

Кој пукаше на 21ви?
МКЦ, МОТ+ продукција

Премиера: 23. Октомври 2014 МКЦ 21:00
Реприза: 25. и 26. Октомври 2014 МКЦ 21:00

Работена по драмскиот текст:
MAD FOREST
Драма од Романија

  • Автор: Черил Черчил
  • Режија: Нина Николиќ
  • Косимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска
  • Композитор: Александар Пејовски
  • Сценограф: Јане Чаловски
  • Дизајн на светло и видео: Ѓорѓи Клинчаров

Играат:

  • Sвезда Анѓеловска, Петар Арсовски, Благој Веселинов, Стефан Вујисиќ, Нина Деан, Билјана Јовановска, Мартин Јорданоски, Владимир Лазовски, Нина Максимова, Владимир Петровиќ, Кристиан Светиев;
  • Актери на видео: Синоличка Трпкова, Васил Зафирчев, Дарја Ризова, Снежана Стамеска.

22

Претставата Кој пукаше на 21-ви? е работена според драмата Mad Forest, на британската современа писателка Черил Черчил, и раскажува за периодот пред, по и за време на романската револуција во 1989-та година. Состојбата во тоа општество е претставена низ конкретни семејни и интимни приказни на ликовите, а приказната е раскажана низ три основни поглавја.

Зборувајќи за настани што се случиле пред околу 25 години, се обидуваме да го отвориме прашањето на повторувањето на историјата и на фактот дека големите грешки направени во минатото, на човекот не му послужиле како пример за тоа што треба да го направи денес.

Самиот драмски текст има фрагментарна структура и е напишан откако авторката, режисерот и група студенти по глума од Лондон заминале за Романија, со цел да работат со група тамошни студенти по глума, каде што дознале нешто повеќе за настаните поврзани со падот на Чаушеску. Драмата е за прв пат поставена во јуни 1990-та, само три месеци по самата револуција.

Фактот што самата драма е составена како колаж од идеи, согледувања и ставови на повеќе луѓе, наложи и претставата Кој пукаше на 21-ви? да се работи според принципот на долг процес на работа на целата екипа (повеќе од 5 месеци), којшто придонесе сите учесници во проектот активно да учествуваат во градењето на претставата, што доведе до создавање целина во која се чувствува колективната енергија.

Mad Forest е далеку од документарна драма и таа ги испитува реакциите на збунувачките настани поврзани со револуцијата во 1989-та година, за обичните луѓе, фокусирајќи се на две семејства. Тоа што излегува на површина е страшната штета врз животите на луѓето направена за време на периодот на репресија, како и болните, долги тешкотии што ги донела промената.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајпознатите цитати од Оскар де ла Рента
Следна објаваКреативни соби за тинејџери
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР