На 3ти септември 2014, независниот театар Theatra ја најавува премиерата на својата петта претстава, „Трамвајот наречен копнеж“. Претставата по текстот на Тенеси Вилијамс е во режија на младиот талентиран режисер Филип Петковски. Под мотото „Секаде театар“ познатата Њуорлеанска приказна Theatra овој пат ја смести во амбиент кој комплетно соодветствува со духот на претставата, клубот Станица 26.

Plakat

„Трамвајот наречен копнеж“ пренесува приказна за љубовта и човечноста. Жестока драма во звуците на блузот која ја води публиката во сржта, лавиринтите, во самиот оган на човечките драми олеснети и продуховени со вечен копнеж. Раскажува приказна за едно пристигнување, за повторна средба, љубов која трае, копнеж за спас, за љубов, за нов живот.

Актерската екипа сочинета од млади актери ја предводат Васко Костовски и Ирена Илиевска, следени од Ивана Атанасова, Марко Богдановски, Сема Муртеза, Столе Мицов, Јеткин Сезаир, Виктор Арсов, Талија Настова, Владанка Димковска и искусниот Кирил Андоновски. Музичката поддршка ја сочини бендот во состав: Билјана Стојкоска- вокал, Блажен Настевски- пијано, Драган Теодосиев- перкусии, Филип Петревски- саксофон. Костимите се дело на Антонија Гугинска Јорданоска. Асистен режисерка е Драгана Стојчевска, додека продуцентка на „Трамвајот наречен копнеж“ е Марија Зафирова.

Веќе традиционално за Theatra, премиерата и првата изведба се распродадени во рекордно време. Резервациите за третата изведба на 17ти септември и четвртата изведба на 18ти септември во 21часот се сè уште достапни на contact@theatra.mk.

Трамвајот наречен копнеж пристигнува на својата станица во Скопје. Не го пропуштајте, резервирајте го вашиот билет веднаш, под мотото на Theatra – Ако сакаш да му помогнеш на театарот, не глуми. Биди публика!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Гром во виножито
Следна објаваВенчалниот фустан на Анџелина Џоли
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ