Живееме во култура каде книгите често се романтизираат и перцепираат како стимулација за бегство од реалноста, наместо соочување со секојдневните преблеми и предизвици кои животот ги пружа неочекувано. Од другата страна, истите тие книги се всушност, против-отровот на избезумениот мултитаскинг на соврменото живеење, на медиумите и технологијата, поканата за бавно, но рефлексивно размислување за животот независно возраста која цели кон продуктивност и значење.

„Zen Poems: Everyman’s Library Pocket Poets“ е џебна книга од 12ти век која оди спротивно на тврдењето погоре, односно се согласува со првиот дел од изказот: од истата, издвојуваме поема со наслов „Не читајте книги“ со потпис на Yang Wanli, додека преводот е на Jonathan Chaves. Во слободен превод на македонски јазик, истата би звучела вака:

Не читајте книги!
Не рецитирајте песни!
Кога читате книги Вашите очи полека се празнат во очните празнини.
Кога рецитирате песни срцето полека Ви застанува со секој нареден збор.
Луѓето велат дека читањето книги е пријатно.
Луѓето велат дека рецитирањето песни е забавно.
Но, ако Вашите усни постојано прават звук сличен на црцорење на инсект додека читате,
може лесно да се претворите во изнемоштен старец.
Дури и ако не се претворите во изнемоштен старец,
тоа е досадно за другите да Ве слушаат.
Многу е подобро,
да ги затворите очите, затворени во Вашето студио,
да ги затворите и завесите, да легнете на подот.
Прекрасно е да се слуша ветрот,
да се слуша дождот,
прошетајте кога ќе бидете енергични,
легнете си кога ќе се изморите.

 

Можеби денес овој поетичен предлог изгледа смешно, но ако се направи паралела со реалноста – истиот е производ на тешка културна иронија бидејќи поклонувањето на масовните трендови горе-долу се поистоветува со 12тиот век. Под услов дека човештвото сепак ќе опстои, одвреме-навреме треба истото да се потсетува на вредните и безвредните културни норми и да се увиди која е најсилната алка во културната историја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМал стан со фини идеи
Следна објаваПланинска куќа од соништата
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ