.1.

Кога древниот даночен закон во тивкиот Фортуна Фули повторно ги поставува пред ултиматум сите немажени дами: или да се омажат, или да дадат половина од своето богатство, местото се претвора во вртоглав лов на ергени. Да се омажи повторно?
Никогаш!

„Во љубовта и бракот се’ е дозволено…“

Не по она што Лора, војвотката-вдовица, го преживеа во првиот брак. Дури ни за нејзиниот повремен љубовник Декстер, затоа што таа знае дека тајните што сама ги крие, ќе ја уништат шансата за тие двајца да бидат среќни заедно. Млад, интелегентен и скандалозно атрактивен – Декстер е под сомнеж дека Лора е понесена од скриен мотив за да би пружила отпор на неговиот шарм… и во намера да го открие тоа, ќе постави на било каков начин.

 „Кога Вашиот љубовник Ве посетува за да разговарате за вонбрачното дете што го чувате во тајност од него, понудете му чаша вино… – она што дефинитивно не сте го прочитале во прирачникот за војвотки.“

Со романса која започнува уште пред Лора да стане Војвотката од Кол, романса која не успеала да се задржи во нивните животи поради истите нејзини скриени мотиви, дури и сега, кога таа е вдовица, приоритет дава на нејзината мала ќерка – чедото кое никогаш не препоставувала дека ќе го има. Иако за времетраење од нејзиниот ужасен брак кој барем да и ја обезбедеше финансиската состојба, сега кога е самохрана мајка; таа губи секаков контакт со Декстер, кој заминува назад во Лондон по нејзиното одбивање, за повторно да се врати во Фортуна Фули. Но, овој пат, како созреана и зауздана личност, имено поради смртта на неговиот татко. Неговото присуство во градот е крајно вознемирувачко за неа, обидите да го избегне и да стои на дистанца од него се залудни, бидејќи тука следува еден драстичен пресврт: враќање на стариот закон, т.н Данок на жените. Враќањето на Декстер е по повод убиство на локален жител на истиот град, но без никој да знае, тој е посланик на Владата за да го фати злосторникот кој во стилот на Робин Худ, предизвикува немири во земјата. Работите одат уште подалеку – убиството се открива, тајните се обелоденуваат, простувањето се пролонгира; се тоа, зачинето со романтична и телесна тензија помеѓу Лора и Декстер. Останува само надежта дека нивните одлуки донесени во време на персонални кризи нема да претставуваат најголеми грешки во нивните животи.

Типично четиво за вљубениците на историските романси, со фина дефиниција на раниот период на 19ти век и убедливи дескрипции на малиот англиски локалитет. Ликовите блескаат со динамичност и ведрина, мистеријата околу тајните ја одржува тензијата во романот, а единствената критика е стационирана во постојаниот израз на страста (особено сценаријата во главата на Декстер) – и се тоа, е само стартна сторија на „Невестите на Фортуна“, актуелната триологија на Никол Корник.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Училишна забава
Следна објаваБарби на Инстаграм
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ