Колку и да ни е клише исказот дека сите ние сме припадници на еден свет, еден различен – книжевен свет, постојат извесни работи на кои автоматски климаме со глава во апсолутно одобрување и насмевка и кои радо ги споделуваме со блиските. Или пак блиските ќе не изненадат со порака или споделување ако не’ пронашле во конкретна објава, списание или извадок од книга. Ние библиофилите сме такви, карактеристични и уникатни суштества. Живееме во минатото, живееме пред своето време, живееме повеќе животи паралелно и секој ден се соочуваме со множество од судбини и карактери. Своите навики ги сметаме за нешто свето и истите планираме да ги оставиме во наследство на блиските, децата, внуците. Убедени сме дека секогаш имаме премалку книги, дека знаеме да разликуваме добра од лоша книга. Да сонуваме запознавање со омилените автори и на секоја книжевна средба да се радуваме како на прва петка во основно.

Доколку и овој вовед направи да се согласите на тоа дека сте дел од тој свет, следуваат одредени ситуации кои нема да Ви бидат непознати и кои ќе предизвикаат чувство на припадност во истиот. Ако сметате дека нешто недостасува или дека листата е премногу сиромашна – инспирирајте не’ за нова статија. И бидете горди што сте само еден дел од овој магичен свет, еден дел кој се збогатува и унапредува постојано.

.1.

– Кога добра книга доживува екранизација на големото платно и протагонистите не се ни блиску до описот на авторот, па се чувствувате измамени.

– Луѓето кои не читаат никогаш не се во состојба да ги сфатат и прифатат Вашите препораки.

– Кога некој ќе праша „што воопшто има забавно во читањето?“ ќе почнете со бранење на Вашата животна докторска теза за подемите и падовите на магичното, мистично чувство кое само читањето може да Ви го пружи.

– Кога умира конкретен карактер кој го обожувате, умира и дел од Вас.

– Безралика дали сте во библиотека, книжарница или купувате полици – секогаш во Вас се јавува една позитивна доза на љубомора.

– Кога Ви доаѓаат гости, автоматски добиваат претстава за тоа како изгледа Вашиот календар за дружење. Со еден поглед на Вашите полици.

– Не можете да комуницирате со други луѓе без тие да помислат дека припаѓате на поинаква, интелектуално-елитистичка категорија луѓе.

– Кога сте речиси при крај со една книга и сфаќате дека нема доволно страници преостанати за работите кои очекувате да се случат.

– Кога ќе завршите со читање на квалитетна книга, ќе погледнете наоколу и ќе сфатите дека секој си го живее животот иако Вие штотуку сте се соочиле со емоционална траума на отприлика 300 страници.

– Да се израдувате ако најдете букмаркер со интересна порака или пак, заборавен цитат со нечиј ракопис во книга која што Ви ја позајмиле.

– Да фантазирате за боледување од работа што подразбира литературна терапија покриена од здраственото осигурување.

– Животен сон да Ви биде 24 часа отворени книжарници и библиотеки, водоотпорни книги, датумите за премиера да бидат национални празници…

– Потајно да посакувате еден ден да не сте само читател. Да сте автор, издавач, промотер… лик од книга!
СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивот далеку од секој допир на цивилизацијата
Следна објаваНајскапите десерти во светот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ