Иако неговите ремек-дела во најголема мера отстапуваат од реалноста бидејќи се сместени во мистичен свет на фантазијата, сепак J.R.R. Tolkien инспирира милиони луѓе – вљубеници во книгата и во филмот кои се верни фанови на неговата мисла и изразување. Приказните кои иконски го запечатија во историјата се „Господарот на прстените“, во триологија и нивниот предходник, „Хобитот“. Како што е наведено погоре, иако истите не се инспирирани од вистински случки, фантастичниот и генијален ум на Толкин кој произведе една таква масовна зависност и добар пример на пријатество, предизвик, режим и соочување со најголемите животни потешкотии инспирираше многу од неговите фанови и ќе продолжи да инспирира. Денес, издвојуваме 7 од нив.

John Tolkien

1. Не сите кои талкаат се изгубени.
Понекогаш се наоѓаме себеси во ваква ситуација, трагајќи во темнината – токму во таквите моменти човек треба да се сети дека истите се минливи. Понекогаш мора да се почуствуваме изгубени или за момент безнадежни за да си помогнеме на себеси во откривањето каде и што треба да станеме.

2. Каде што има живот, има надеж.
Оваа мисла на Samwise Gamgee се однесува на следното – се додека сеуште дишиме, секогаш постои надеж дека работите ќе се подобрат. Не очајувајте поради фактот што не секогаш се` оди по планот, бидејќи секогаш постои утре.

3. Тоа е како во големите приказни, г-дин Фродо. Оние кои се навистина важни, беа полни со темнина и опасност. Понекогаш не сакате да го знаете крајот, затоа што Ви е невозможно крајот да биде среќен. Како светот ќе се врати на старо кога толку многу работи се случија? Но на крајот, сенката е минлива, дури и темнината ќе мине.
Дури и во најдлабоката темнина, во деновите кога Ви недостасува светлоста на животот или на крајот од тунелот; продолжите да чекорите напред. Сетете се дека ниту една приказна е завршена се` додека не го најдете Вашиот среќен крај.

4. Дури и најмалите личности може да го сменат текот на историјата.
Lady Galadriel има целосно право со оваа мисла – ако два хобити може да ја спасат Middle Earth, тогаш истите треба да Ви се инспирација која ќе Ве понесе уште денес. Не е важна Вашата величина или околностите, ако верувате во себе. Ако верувате во сопствената способност ништо не Ве спречува. Малку самодоверба може да Ве однесе каде и што ќе замислите.

5. Ако повеќето од нас ја ценеа храната и се веселеа на песните отколку на златото, светот ќе беше поубаво место.
Како што вели Thorin Oakenshield, понекогаш е лесно да ја изгубите перцепцијата за навистина вредните работи, поготово во денешни услови кога ретко кој помислува на поубав свет. Ова е порака според која треба да се раководите во животот.

6. Се` што треба е да одлучиме со времето кое ни е дадено.
Мудроста на Gandalf се докажува долж целата приказна – можеби ни изгледа дека дадени ни се мал милион можности, стотици патишта стојат отворени пред нас; но, на крајот, се` се сведува на еден избор. Само еден избор, една насока. Еден живот. Подобро е порано да одлучиме што сакаме од истиот и во истиот момент, да почнеме да живееме. Да се гордееме со сите наши успеси и да го цениме времето.

7. Еден сон е помоќен од илјада реалности.
Големиот Толкин секогаш е во право. Редок дијамант е овој совет, потсетувајќи Ве на моќта на вербата, надежта и привилегијата да се сонува. Независно можностите, околностите и пречките – се` додека имате сон, се` додека верувате во нешто подобро никој нема да Ве влече назад. И никој нема да Ви го украде. Ако на крајот од денот сеуште не сте го почувствувале исполнувањето, погледнете назад само за да се потсетите дека сте се обиделе. И веднаш изутрина почнете одново. Илјада реалности нема да Ве спречат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолекција посветена на мајките на невестите
Следна објава115 години од раѓањето на Хичкок
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ