Како дел од програмата на „Охридско лето“, на 31.07,  ќе се одржи театарската претстава „Његош и јас“. 

2

Приказна за едно дете кое живее во водите на минатото. Основата се сеќавањата на Паоло кога прв пат ја посетува Црна Гора со цел да запознае други култури. Тоа возбудливо патување е придружено со најразлични теми како културата, национализмот, културниот инперијализам и традицијата. Претставата не е автобиографска, туку е импресионирана единствено од сеќавањта на Паоло. Олицетворение на смешното и невиното, интелектуалното и храброто трагање по „изгубеното време“.

Во режија на познатиот Маџели, кој е горд на своето тосканско потекло, дипломиран режисер во Фиренца, кој исто така студирал славистика. Во Белград и Загреб режира повеќе претстави, за подоцна неговата работа да продолжи во Словенија, Франција, Германија и Швајцарија.

3

Претстава која не смее да се пропушти! Се одржува овој четврток, точно во 21 часот на сцена кај „Заливот на коските“ – Градиште. Цена на билет: 300 денари.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни фотографии на една двојка
Следна објаваВреме е децата да бидат „недопирливите“
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ