Најубаво е чувството кога покрај сите забавни, непотребни нерелевантни информации кои може да ги сретнете на социјалните мрежи, ќе налетате на нешто што ќе Ви ја врати вербата дека во светот сепак се случуваат и добри работи, од кои се раѓаат и добрите примери. Имено, се работи за фотографија чија популарност е оправдана поради Денот на Малала, 14ти јули; каде што ќе забележите малечко девојче кое ја имитира „девојката од книгата“. Многу позитивни коментари наспроти кои стојат и негативни, секаде каде што оваа фотографија била споделена или објавена, така што мајката на девојчето се огласува со својата страна на приказната:

„Пред да започнат коментарите – ова е фотографија на мојата ќерка која има 3 години на истата. И` ја подарив книгата на Малала за Божиќ и им раскажував на моите деца за Малала и нејзината храброст да се бори за она што е правилно. После неколку недели, мојата ќерка си играше со розова марама, ја префрли преку главата и тогаш ја зеде книгата од полица, па ми се обрати: „Мамо, погледни, изгледам како девојчето од книгава, мамичке!“. Бев импресионирана дека ја запомнила Малала по некое време; па ја испратив фотографијата до Mighty Girl, по што стана вирална. Ќерка ми не се преправа дека е муслиманка, ниту краде нечија култура и не се смее на туѓите маки. Сега може да продолжите со пламенот.“.

Она што имаме да додадеме е – вербата е вратена дека девојчињата тежнеат да личат на позитивните хероини од современото живеење!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд | Миди здолништа
Следна објаваМала книга на големи настани | Evan Lorenzen
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ