Најубавиот или подобро кажано, најважниот ден во сечиј живот – денот кога се официјализира љубовта, се кажува ДА на саканиот/та, две души стануваат едно цело. Тој ден се памети засекогаш, но спомените мора да се поткрепат со фотографии. Се почесто младоженците прават вистински фотосесии, но благодарение на фотографот Chris Beck ние денес Ви претставуваме уникатни свадбени фотографии. Chris по завршувањето на официјалниот свадбен дел ги фотографира своите пријатели во пештера во близина на Џуно, Аљаска. Било потребно време и напор да се дојде до локацијата, но судејќи по фотографиите вредело да се направи. Torsten и Sarah изгледаат неверојатно во замрзнатата пештера, со вода околу нив и чудесната сина боја на глечерот над нив.

„Создавањето на фотографија е повеќе од едноставно притискање на копче. Тое е раскажување на приказна.“

23

22

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШекспир во 3 чина | Mya Gosling
Следна објаваЖенски приказни | Carol Rossetti
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ