Овогодинешниот фестивал на „Охридско лето“ се претпоставува дека ќе биде еден од најдобрите досега. Богатата програма на свеченото отвoрaње го навестува тоа.
На Свеченото отвoрање ќе гостува славната сопранистка Барбара Фритоли, која има досега воодушевено со своите изведби на оперите од Верди, Моцарт, Пучини…
Од Италија исто така ќе гостува и познатиот баритон, Лео Нучи, кој учевствуваше во многу познати опери како „Ковент Гарден“, „Виенската Национална Опера“, „Арена ди Верона“, „Метрополитен“…
На отворањето ќе настапи и аргентинскиот диригент Луис Горелик, како и Македонската Филхармонија.
Свеченото отворање на „Охридско лето“ ќе се одржи во Античкиот театар, во 21:00 оваа сабота, на 12.07.2014, а билетот можете да го набавите за 1000 денари.