Лупа, камера која ќе Ви ги сними впечатоците во slow-motion и силна волја за да не Ви се разниша самодовербата што не знаете да си го средите Вашето биро, а не да создадете нешто вакво – вонсерискиот уметник Hasan Kale од Турција заслужено го добива овој епитет и опис поради неговите дела на кои ќе погледнете со неверување и восхит. Првично, Kale започнува да слика пејсажи од Истанбул на минијатурни платна од типот на: семка од тиква, крилја од пеперутка, лушпи од кикирики, зрно ориз… за овој пат да почне да користи коцка чоколадо, половина зрно бадем, парче соленка или M&Ms!

Точност, прецизност и перфекционизам кои строго зависат од окото и раката – до последен детаљ, уметникот не жали за долгорочноста на овие дела бидејќи станува збор за храна затоа што тој ја постигнува својата цел и истото го документира во фотографии. Следна цел? Пејсаж на Истанбул на влакно од коса.

2

3

4

5

6

7

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБохо комбинации за лето
Следна објаваПровокативна само-помош | Literally Fiction
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ