Најава за квалитетно книжевно лето во Лондон? Да, преку веќе создадените клупи во облик на книга кои ќе се постават во Лондон за децата, семејствата, читателите и посетителите како повик да излезете на состанок со книга. National Literacy Trust и Wild in Art ја овозможува оваа неверојатна идеја преку 50 клупи, создадени од страна на локални уметници – за да се прослави англиското литературно наследство.

Приказните поврзани со „Books about Town“, името на оваа иницијатива, се базираат на широк спектар на книги како „Хрониките на Нарнија“, „Петар Пан“, „1984“ и „Шерлок Холмс“, како и многу други чија приказна ќе се најде на нова клупа на некоја од литературните патеки во Лондон од 4ти јули до средината на септември. Помошта од Wild in Art кои се специјалисти во својата работа за улична уметност е очигледна во примерот подолу.

Оваа иницијатива е отворена за потенцијалните спонзори до декември.

3

4

5

6

7

8

9

1

2

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Мали“ модели со голема кариера
Следна објаваМОБ I Балетската претстава „Самсон и Далила“
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ