Во сабота, 31 мај, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет традиционално, за затворање на Мајските оперски вечери, ќе биде изведена оперската претстава „АИДА“ од Џузепе Верди.

majski_operski_veceri

Традиционално, „Аида“ е со интернационална солистичка екипа. Настапуваат: Силвана Фроли – Италија, во насловната улога, Амнерис: Јелена Влаховиќ – Србија, Радамес: Руди Парк – Јужна Кореја, Рамфис: Владимир Саздовски, Амонасро: Ристе Велков, Фараон: Кристијан Фаравели – Италија.

Режисер е Дејан Прошев, диригент: Владимир Куленовиќ – (САД/Србија).

aida

Либрето: А. Гисланцони и К. ди Локл (според „Нитети“ на П. Метастазио и синопсис на О. Мариет Беј). Прва претстава – 4 декември 1871 г., Каиро, Египет. Операта „Аида“ е напишана по нарачка на Тетарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала едно од врвните созданија на композиторовиот гениј. Дури во ова „егзотично“ либрето Верди ги наоѓа „своите“ теми, чувства и страсти: предодредениот трагизам, рок, безизлезност на ситуациите, љубов која ја победува смртта. Богатството на музичката содржина на „Аида“ е постигнато со заемното дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно-психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфално-маршовски масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта. Чајковски напишал: „Генијалниот старец Верди во „Аида“ и „Отело“ отвора нови патишта за италијанските музичари“.

Синопсис

Египет, Мемфис и Теба во фараонско време. Аида, етиописка робинка на египетската принцеза Амнерис, го сака Радамес, војсководец кој треба да командува во војната против Етиопија. Амнерис, исто така вљубена во Радамес, ја измамува Аида и ја дознава тајната на нејзината љубов. Радамес триумфално се враќа и за награда ја добива раката на Амнерис. Прикриен меѓу заробениците е Амонасро, крал на Етиопија – таткото на Аида. Тој ја тера ќерка си да ги дознае тајните воени патишта од Радамес. Ненамерното предавство на Радамес е откриено од Амнерис. Главниот свештеник Рамфис го осудува да биде жив закопан во гробницата. Аида успева да влезе во гробницата за да ја сподели судбината со саканиот.

d0bcd0b0d198d181d0bad0b8-d0bed0bfd0b5d180d181d0bad0b8-d0b2d0b5d187ed180d0b8-1

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на МОБ.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Love again”- првата песна на Pentatonix
Следна објаваНајубавите фризури на Канскиот фестивал
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ