1

Со песокливата нијанса на плажата како основа за подовите и ѕидовите, а синилото на морето како главна тема за деталите и текстилот, оваа чудесна куќа за одмор го има вистинскиот рецепт за оживување на летото во животниот простор. Толку едноставна, а толку неодоливо убава, пријатна и привлечна, како создадена е за уживање во летната магија во текот на целата година. Автентично и свежо е уредена, со природни материјали и суптилни декорации со морски мотиви, а покрај беж и сините тонови, вметнати се и акценти во корално црвена боја, комплетно пресликувајќи ги тоновите на морскиот брег во куќата. Целта на сопствениците била да ја внесат медитеранската атмосфера во нивната оаза за одмор во Коста Брава. Со карактеристичните бои и текстури од регионот, успеале максимално да ја пренесат смиреноста на плажата и свежината на морето во амбиентот на својот втор дом. Во внатрешноста продира големо количество на сончева светлина, а ентериерот совршено комуницира со надворешноста и се’ она што се случува надвор. Ленените ткаени и парчињата мебел од дрво и бамбус се спојот кој и дава лежерност и релаксиран тон на секоја соба. Сите катчиња мамат воздишки со удобноста и интересните декорации, па предизвик е да се одлучите каде попрво би го минале времето. Уживајте во прекрасната викенд инспирација!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметноста на шминката | Veronica Azaryan
Следна објаваVolvo XC70 | Произведено во Шведска
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ