1

Се’ уште мислите дека белата боја е синоним за монотонија во домот? Погледнете како изгледа овој разигран стан и размислете повторно. Иако речиси целиот ентериер е во бело руво, изборот на акцентни детали во весели тонови прави вистински чуда во секоја соба. Станот е со површина од 70 метри квадратни, а располага со простран дневен престој, кујна со трпезарија, спална соба, бања и голем балкон. Уреден е во типичен скандинавски стил, дизајниран со преубави форми, мазни бели ѕидови, лежерни дрвени подови и големи прозорци и врати. Белите ѕидови служат како неутрална позадина за светлите и шарените акценти во ентериерот, а белата како основа го сочинува најголемиот дел од дневниот престој, почнувајќи од ѕидовите и таванот, па се’ до вратите, прозорците и подот. Ѕидовите се украсени со неколку ѕидни слики и уметнички дела со црни рамки, а како детал кој краде особено внимание се издвојува прекрасниот лустер со светли и живи бои. Дел од дневната соба е пренаменет за домашна канцеларија, каде зелената пластична столица креира интересен контраст во ентериерот. Истата тема продолжува и во спалната соба, во која црвената боја ја разигрува белината на ѕидовите и дрвениот кревет, а големиот прозорец обезбедува големо количество на природна светлина во катчето за одмор и релаксација. Кујната во овој преубав стан е исто така чисто бела, освежена со нежен син лустер и транспарентни висечки елементи со стаклени врати, кои служат како елегантно складиште за садовите. Белата тркалезна маса со три бели столчиња формира неодоливо слатка мини трпезарија. Неколкуте мали зелени билки сензуално внесуваат колоритна динамика во кујната, а црните кујнски апарати контрастно го зачинуваат амбиентот. Балконот е живописно украсен, а доминираат нијансите на бела и виолетова, комбинирајќи бела масичка со големи перници од виолетова ткаенина. Бањата е облепена со големи плочки и помали шарени плочки кои умешно ја разбиваат монотонијата. Белиот мијалник е сместен во близина на вратата, додека тушот е на другиот крај, а огледалото и двете сијалици поставени над него предизвикуваат сјајни светлосни ефекти. Пронајдете ја вашата омилена инспирација!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

СПОДЕЛИ
Претходна објаваThe Common Linnets наградени за новиот албум
Следна објаваКреативни дела од храна
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ