Со проекцијата на биографската драма ,,Невидливата жена” на Ралф Фајнс, вечерва со почеток во 20 часот во градското кино ,,Милениум” ќе се затвори 17. издание на Скопскиот филмски фестивал.

00033

Последниот фестивалски ден во ,,Милениум” стартува со бесплатна проекција на францускиот филм ,,Интимна политика” во 18 часот. Во истиот термин во ,,Кинотеката на Македонија” на програмата е ,,Мртов човек” со Џони Деп во главната улога, кој ќе ја заокружи филмската ретроспектива посветена на американскиот режисер Џим Џармуш. Како последно филмско остварување за вечерта, а воедно и на фестивалот ќе биде прикажана англискaта биографска драма ,,Невидливата жена” со почеток од 20 часот во ,,Милениум”. Со проекцијата на новиот филм на Ралф Фајнс и официјално ќе биде означен крајот на 17.Скопски филмски фестивал, кој понуди 60 квалитетни остварувања и осумдневно уживање за сите љубители на седмата уметност во метрополата.

Интимна политика / Left Over – Intimate politics (2013)

0002Два пара се среќаваат на вечера на 9-ти. јули 2006 година, ноќта на финалето на Светското првенство во фудбал помеѓу Франција и Италија. Нивниот разговор талка од споделување на интимни работи до влијателни политички коментари на интригантен начин, така што нивните приватни животи и нивната перцепција на идеолошката битка, битката за водството на франуската левица, се повеќе и повеќе стануваат тешки за да се разликуваат. За време од шест години нивните политички ставови еволуираат со промена на сликата за себе и меѓу себе. Апартмани, кафулиња, гардероба во театар и ординација на психоаналитичар се дел од местата кои им служат на нивното пријателство, нивните врски, нивните ставови за мажите и жените и секако нивната верба во левото крило.

Мртов човек / Dead Man (1995)

00003„Мртов човек“ е приказна за патувањето на еден млад човек, физичко и спиритуално, на многу непознат терен. Вилијам Блејк (Џони Деп) патува до екстремните западни граници на Америка некаде во втората половина на 19-от век.Изгубен и тешко повреден тој запознава многу чуден, отфрлен домороден американец „Никој“ (Гери Фармер) кој верува дека Блејк е мртов англиски поет со истото име. Приказната, со помош на „Никој“ го води Блејк во ситуации кои се комични и насилни и околностите го трансформираат во баран криминалец, убиец и човек чие физичко постоење полека се губи.

Невидливата жена / The Invisible Woman (2013)

0004Како сеќавања на минатото. Некој зема книга од полица, или поставува прашање на вечера, и истиот момент нашата хероина се транспортира назад во времето, во период на голема возбуда и драма. И писма. И искушенија. И забранета љубов. И скандал. Режисерот и главниот актер во филмот, Ралф Фајнс, ги погодува сите овие точки и допира до многу други познати основи во „Невидливата жена“, филм кој претставува драматизирана верзија на книгата на Клер Томали од 1991 година која ја раскажува шокантната приказна за тајната, страсна, долгорочна и осудена на пропаст љубовна врска помеѓу женетиот и веќе многу познат Чарлс Дикенс и младата актерка по име Нели Тернан. Дејствието во филмот започнува неколку години по смртта на авторот, кога Нели излегува од неговата сенка и повторно се пронаоѓа себеси како дама мажена за директор на училиште. Додека учениците на нејзиниот сопруг се подготвуваат да одиграат една од драмите на Дикенс, еден постар локален пастор и поклоник на Дикенс го истражува „пријателството“ кое таа наводно го имала со познатиот писател, настан кој ја покренува лавината сеќавања кои ја сочинуваат целата приказна. Филмот не враќа во 1857 година кога Нели била млада актерка која глумела во драми кои ги поставувал никој друг туку Чарлс Дикенс. Во времето кога Нели влегува во светот на Дикенс, писателот има 45 години, голема слава и брак од кој има 10 деца. Но, сепак не може да ја негира неговата директна и интензивна привлечност кон Нели, нешто што е очигледно за нејзината мајка (Кристин Скот Томас) многу пред пред Нели да ги сфати намерите на Дикенс. Како што напредува врската, длабоко во себе Нели е свесна дека оваа љубовна афера најверојатно нема да има среќен крај но, не може да му одолее на шармот на големиот (но и со големи маани) маж.Иако во „Невидливата жена“ Дикенс е прикажан како генијалец и човек со големо социјално сочуство, исто така ги гледаме и знаците на неговата нарцисоидност, бесчувствителната индифрентност кон неговата жена (и деца, кои се доволно возрасни за да сфатат што се случува) и себичната потера по Нели. До 1885 година, кога Нели во еден продолжен период на тагување ги прави долгите прошетки на плажата кои ги гледаме на почетокот на филмот, Дикенс е починат веќе 15 години. Нели пред себе има уште скоро четири децении живот кои вклучуваат долг брак и две деца.„Невидливата жена“ претставува убедлив доказ дека таа не поминува ниту еден ден од својот живот без да помисли на Чарлс Дикенс.

 Divianarts.com е  член на групата на официјалните медиумски покровители на Скопје Филм Фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПастелна љубов во 34м2
Следна објаваСоздавање сопствени светови | Ѓорѓи Десподов
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ