01

Женствената нота и убавите пастелни тонови се спојот кој воодушевува во ентериерот на овој мал, но пресладок стан во сопственост на млада дизајнерка. Автентично е уреден од неговата креативна станарка, со многу вкус и стил, и иако е со скромна површина од само 34 метри квадратни, комплетно е функционален, пријатен и комфорен за живеење. Во малата квадратура умешно се распоредени дневен престој со трпезарија, кујна, спална соба, како и ходник и бања. Малата бела кујна располага со отворени полици, вградени елементи и работни површини во боја на дрво, кои совршено се надополнуваат. Дневната соба и трпезаријата комуницираат во отворениот простор за дневен престој, во кој удобно е сместена белата маса со столчиња. На ѕидот се прикачени неколку мали отворени полици, кои освен практичната намена, пребоени се во нежни пастелни нијанси, па служат и како декоративни елементи. Вниманието, сепак, најмногу го привлекува подната лампа со голем стаклен абажур во облик на цвет. Вистинско мало женско царство, зар не? Пронајдете ја вашата омилена инспирација!

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Од врвот до дното
Следна објава,,Невидливата жена” го затвора 17.Скопски филмски фестивал
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ