Млад, креативен, фантастичен – Ѓорѓи Десподов е фотограф од Прилеп кој создава прекрасни едиторијали инспириран од филмови. Фасциниран од фотографијата од мал има желба да биде професионален фотограф. Има 18 години и досега има направено повеќе едиторијали преку кои црпејќи инспирација од филмовите, литературата и музиката се изразува себе си. Создава уникатни фотографии во кои остава простор за сопствена интерпретација на секој кој ќе ги погледне.

Ви претставуваме една серија фотографии за која Ѓорѓи вели дека е инспириран од втората сезона на American horror story asylum и од филмот Gril interrupted. Сепак за ваков резултат потребен е модел кој ќе се внесе во улогата и шминкер кој ќе придонесе да се оствари целата замисла и идеја на фотографот. Во овој случај тоа се Стефани Иваноска и Милена Северкоска.

a1

IMG_6762

IMG_6813

IMG_6793

IMG_6768

Инспирација за добра фотографија има насекаде, доволно е само да ја пронајдете!

Досега успеал да постави две самостојни изложби, а неговата работа може да ја следите и на професионалното портфолио на  VOGUE IT. Активен е и на домашната модна сцена на која има соработувано со дизајнерите Стефанија Насеска и Марјана Рујаноцка.

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Невидливата жена” го затвора 17.Скопски филмски фестивал
Следна објаваДневникот на разочараната книга
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ