012

Како и во повеќето современи градски станови со мали димензии, светлата палета на бои се покажува како најадекватно решение за уредување на ентериерот. Станот е лоциран во Москва, а најзаслужен за неговиот светол и отворен концепт е рускиот дизајнер Антон Гришин. Со добар план, и уште подобра реализација, создал идеален мини дом за млад пар, во кој комплетно се исполнети сите предуслови за нормален живот во толку малата квадратура. Главната цел била да се постигне светол, воздушест и комфорен амбиент, па покрај големите прозорци од кои продира природна светлина, како основа е избрана белата боја – симбол за чистина, во комбинација со природно дрво. Како засебни простории се издвоени само бањата и зоната за преслекување, а остатокот е отворен простор во кој комуницираат дневниот престој и кујната. Среден е непретенциозно, но многу модерно и атрактивно, а притоа ентериерот не е нималку задушен, туку полн со свежина и пријатна атмосфера. Покрај ведрите бои, внатрешноста е опремена со голем број практични решенија за складирање, со кои максимално е искористено секое катче, и вешто е избегнат нередот кој лесно може да настане во лимитираната површина. Нијансите на жолта и аква сина боја создаваат весело летно чувство во дневниот престој, во кој дури и ликовното дело со модерна уметност на ѕидот совршено се вклопува со мебелот. Едноставната метална полица за книги сместена е на ѕидот спроти гарнитурата, додека трпезариската маса е поврзана со кујнската работна површина, заштедувајќи дополнителен простор на тој начин. Кујнските елементи се во топол дрвенаст тон, одлично сложувајќи се со белата маса. Долж целата страна на ѕидот, од кујната со трпезарија до крајот на дневната соба, речиси неприментно поминува долга низа на ормани. Ова е уште една ненаметлива, а извонредна идеја со која се обезбедува екстра простор за складирање и организација на сите работи на станарите. Вградениот плакар е затскриен зад лизгачките врати кои се протегаат од подот до плафонот на крајот од ходникот. Посебно убава е бањата со туш кабина и елегантни бело-црни плочки, во која е поставен и водоотпорен телевизор, за младите сопственици да можат да ги ,,фатат” утринските вести. Исклучително добар пример за функционално искористување на малиот расположлив простор. Инспирирајте се!

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

023

024

025

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСамсон и Далила | МОБ
Следна објаваТренд | Кармини во светли бои
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ