Сè околу нас создава некаков звук, а секој звук сам по себе е мелодија. Композиторот Johnnyrandom бил заљубен во својот велосипед уште од дете. Кога пораснал, добил идеја звуците од составните делови на велосипедот во комбинација со традиционални инструменти да ги преточи во музика. Со тоа, им нашол една поинаква примена на секојдневните предмети. Тој вели: ,,Преку музиката, сакам да го сменам начинот на кој луѓето ги гледаат работите околу себе. Се надевам дека ќе им дадам иснпирација да почнат да го гледаат светот со љубопитство и восхит.“ Слушнете ја неверојатната изведба на овој млад и талентиран композитор, наречена “Bespoken”.