Во вторник, 15 април, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најгледаните балетски продукции во МОБ, “14 ЧАСА“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

21913.71f5ef56a47fef8696f978bdc9da0a9f

Играат: Алексадра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.

Напомена: Ги потсетуваме нашите ценети посетители дека поради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“ и од страната на Факултетот за Музичка уметност.

 

Divianarts.com е член на медумски покровители на Македонската опера и балет

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашки тренд | Обувки во боја
Следна објаваВелосипед што создава музика
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ