Од 13-19 април, оваа година повторно е актуелна американската Национална недела на библиотеките. Овогодинештата тема е „Lives change @ your library“, каде што посебен акцент е ставен врз значењето на библиотеките ширум соединетите држави. Првпат воспоставена во 1958 година, спонзорството е оставено врз Американското библио-здружение и библиотеките низ САД во текот на месец април – точното време да се прослави секој еден од придонесите за библиотеките на американскиот народ, професијата библиотекар и значењето на самата институција, за да се промовира нивното посетување и користење. Сите видови на библиотеки: училишни, академски, специјализирани или локални; сеите од нив учествуваат во овој годишен празник.

Оваа година во улога на поддржувач се најува и Oxford University, така што ги нуди своите библио-извори во електронска верзија, бесплатно една недела! Се’ што Ви е потребно е следново:
Username: libraryweek
Password: libraryweek

Библиотеките се од витален интерес за понатамошниот интелектуален развој на човечкиот род, независно кој агол на Земјината топка важи за нивен дом. Ваквите и ним сличните иницијативи се повеќе од потребни за да се задржи, унапреди а некаде и поттикне и стимулира читањето како една од најкорисните и најблагородните навики на модерното живеење. Животот се менува во Вашата библиотека!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВИДЕО: Евровизискиот спот за „To the sky“ на Тијана
Следна објаваНевидлива велосипедска кацига
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ