098,,Двата најтешки теста на патот на духовноста се: да имате трпение да го исчекате вистинскиот миг, и храброст да не се разочарате од она што ќе го видите.”

На прв поглед, Вероника има сè што може да посака. Ги посетува популарните ноќни клубови, се запознава и се забавува со привлечни млади мажи, меѓутоа сепак не е среќна, нешто ѝ недостига во животот. Затоа, на 11 ноември, решава да умре. Откако ќе земе преголема доза апчиња, дознава дека ќе живее само уште неколку денови…И токму тогаш, кога го преживува она што никогаш не си го дозволила – љубовта, омразата, стравот, љубопитството – сфаќа дека секоја секунда од нејзиното постоење е личен избор меѓу животот и смртта. А нејзиниот избор е… да живее.

Помалку или повеќе, секој од нас во долгометражниот тек на живеењето се соочува со незавиден крах на сопствената личност. Се почнува со лабилен концепт на самоомаловажување, самодеградирање, самосожалување. Низ таквата лично-патолошка фаза настапуваме лице во лице со своите квалитети, притоа целејќи кон нивно целосно загушување на сметка на истакнатите маани.

Согласно хероината на Коелјо, Вероника на полн нишан ја зема величината на нејзината личност, имено, во обид да изврши самоубиство. Следното на што се сеќава се бели чаршафи и мртва тишина. Откривајќи дека се наоѓа во рехабилитационен центар, под притисок на родителите и јавна осуда на пријателите, одлучува да се задржи во тие мирни граници гушејќи се себе и својот потенцијал. Без да ги брои деновите кои минуваат, без да сочувствува со непријатните судбини на нејзините, сега веќе, цимери, без да знае се посветува на ново себеоткривање. Ново будење на уникатното јас кое тлее во нејзе. Она што и го задржува вниманието во полн ефект е шизофренијата на младиот Едвард, лик кој станува неочекуван феномен во рамките на болницата и решавачки фактор во животот на Вероника.

Она што останува на Вас е на своја рака да откриете дали вреди да се живее под нечии услови, ни помалку ни повеќе, туку со самото минување по овие страници.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДевојката од хартија – Гијом Мисо
Следна објаваСовремена и компактна куќа
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ