1

Со површина од 87 метри квадратни, овој прекрасно среден трособен стан во Стокхолм е одличен пример како може и треба да изгледа едно комфорно семејно гнездо. Ентериерот е практично искористен и комплетно ги задоволува потребите за удобен живот на младо семејство со деца, а притоа изгледа исклучително убаво и привлечно. Дизајнот се заснива на светлината, што e карактеристично за скандинавскиот стил,  во комбинација со минималистички, но ефектен декор кој внесува шарм во секоја просторија. Во семејниот дом, кујната игра клучна улога, па огромно внимание е обрнато токму на нејзиниот изглед, удобност и амбиент. Кујната е доволно голема и пространа, суптилно стилизирана со микс на бела боја и нежни тапети, кои блеснати од сончевата светлина која продира од прозорецот, креираат навистина пријатен ефект. Oва е особено важно бидејќи освен за готвење, во неа е вклопена и трпезаријата, која е претворена во мошне пријатно и лежерно катче за јадење на оброците. Со класични столчиња од едната, и клупа за седење од другата страна, разиграна е со меки перничиња и нагласени детали во жолта боја, и на неа веројатно најмногу и се радуваат најмалите членови. Кујната е комплетно функционална, оспособена со модерни елементи и паметни простори за складирање, и украсена со свежи декоративни билки. Салонот, пак ги обединува добриот вкус и потребата од релаксираност во дневниот престој, комбинирирајќи ги неутралните тонови и пругастиот дезен на деликатен начин кој не може да не ви се допадне како идеја. Кокетните детали, топлиот дрвен под и катчето крај прозорецот дополнително го облагородуваат просторот. Спалната соба е во смирен тон, со сензуални акценти во пастелни нијанси, убави текстили и слатки романтични детали. Разбирливо, детската соба е онаа во која има најмногу живи и интензивни бои, но и безброј интересни детали, како ѕидниот декор оживеан со колоритните мурали и стикери, игривите кревети со весели перничиња и прекривки, но и по некоја случајно ,,залутана’’ играчка која се вклопила во шарениот свет и оптимизмот со кои зрачи детското катче. Задоволствата во овој феноменален семеен стан кулминираат на атрактивната тераса, која гарантира уживање под ведро небо во убавите и топли сончеви денови. Уживајте во инспирацијата!

2

3

4

5

6

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

21

22

20

24

25

26

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзборот на Софи – Вилијам Стајрон
Следна објаваКако мачките комуницираат
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ