Ако некогаш сте дошле до контакт со оваа приказна, независно дали во печатена верзија или на големото платно: без сомнение ќе се согласите дека ова е најтажната животна сторија некогаш напишана. Холокаустот станува лична драма во средината на голема катаклизма: дадена во мрежа од 3 сижетни линии, 3 животни приказни – младо момче кое сака да стане писател, турбулентна љубов и омраза меѓу еден брилијантен Евреин и преубава Полјакиња, и една страшна рана која влече корени од минатото на оваа жена… рана која ги носи Софи и Нејтан на работ на уништувањето. Стинго, нараторот во оваа книга, започнува со прекрасна намера:

„Јас сметам дека е можно да  направам да се почувствувате прободени поради разбирањето на Аушвиц и поради разбирањето кон Софи – кое во суштина, во најмала рака се дефинира како реципроцитет на противречности.“

Но, подоцна, речиси кон крајот, да упати кон читателот став кој вели:
Никој никогаш нема да го разбере Аушвиц.
Не само читателите, туку некој некогаш, воошто. Како што лекциите што Стинго ги учи за време на судбоносното лето 1947 година, така читателот е сведок на настапи кои залажуваат, но истовремено учат на претпазливост во најнепосредната близина – луѓето кои мислиме дека ги познаваме, им веруваме, ги сакаме; всушност, навистина не ги разбираме. Стинго е циничен за да ја постигне Вашата доверба, така што никогаш нема да го обвините за цинизам.

22 годишниот Јужњак, имено, алтер-его на авторот, од Њујорк, штотуку отпуштен од работа во редакција, заминува во Бруклин да го напише својот голем роман за Југот. Во бруклинскиот студентски дом, тој ја запознава Софи, која е 29 годишна бегалка од Полска и преживеана од Аушвиц (иако не е Еврејка, завршила во концентрационен логор во 1943 кога украла шунка за да ги нахрани прегладнетите деца). Кавалерот кој го поседува нејзиното срце е ексцентричниот интелектуалец Нејтан – тие тројца многу брзо ќе станат блиски пријатели, додека Стинго ќе се обиде емотивно да допре до Софи, без оглед на тоа што неговата љубов кон неа е забранета. Како што Нејтан почнува да го забележува сето тоа, Софи открива повеќе за сопственото минато, притоа истражувајќи ја целата измината година со Нејтан во Њујорк. Студот, црно-белата логика на прихологијата се во дисбаланс со двојниот натпревар за срцето на Софи и обостраната неможност да го разберат она што нејзи ја маркира за навек, нејзините трајни психолошки последици од немилиот престој во Аушвиц. Траума, алкохолизам, мазохизам? Само зборови кои не успеваат спектакуларно да го опишат она што се случува во главата на Софи.

Без сомнение, ова е најтажниот роман што некогаш ќе го прочитате и најинтензивниот филм на сите времиња – приказна која нелинеарно се движи по брзината на светлината, но истовремено е една фасцинантна студија за средината на минатиот век во Њујорк, преку призмата на еден надежен интелектуалец. Редок случај во американската белетристика чии метитации во историските параметри на најболната ера во меморијата на човештвото се крајно извонредни. Страстна и храбра книга која дефакто ќе Ви ги отвори очите преку својата филозофска тематика. Пред да се зафатите со оваа сериозна приказна, испитајте се себеси дали сте спремни да ја прифатите оваа сериозна препорака: со внимателно откривање на приказната, дел по дел, и запознавањето темелно со ликовите – бидете убедени дека 90% од вас сериозно ќе ја препорачаат оваа книга на своите блиски. И 90% од Вас ќе заплачат како мало дете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 10 дизајнерски торби
Следна објаваСемеен стан со одличен дизајн
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ