Сопственикот на Corpus Libris, книжарница којашто е отворена во 2008 година, за себе вели дека продава книги речиси 10 години – кон крајот на 2007, пред да ја отвори својата книжарница, го фотографирал својот пријател со книга пред неговото тело и така се родилата идејата за Corpus Libris. Начин луѓето да отелотворат една книга, во буквална смисла на зборот, преку отелотворување на љубовта кон книгите. Блогот на оваа книжарница изобилува со примери од кои сите ја третираат истата идеја: крајно едноставно, да се држи книга пред човечко тело на начин на којшто корицата ќе се слее со човекот…  резултатите се повеќе од зачудувачки, комични, интересни. Заобиколување на реалноста и ширење на светот на една корица од книга. Концептот беше пријатно прифатен и реализиран од страна на многу читатели ширум светот:

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Некои тоа го нарекуваат тренд на Booktography. Последен тренд од оваа област е позајмување на животни како главни ликови покрај книгите, како и создавање серија од корици и ликови и позирање на авторите со свои книги. Можностите се бескрајни, а резултатите уникатни!

O

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Впечатлив планер
Следна објаваНајубавите хотели во светот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР