Како по непишано правило, почетокот на учебната година секогаш означува позитивно расположение иако враќањето во училишните клупи не секогаш подразбира радост. И обично, на прашањето „Што научи денес?“, следи одговор… „па, ништо посебно, утре треба да одам пак“, зависно за кој тип на образование се работи. А тука не смееме да заборавиме дека образованието не е подготовка за животот, туку е самиот живот. Не баш сите се љубители на книгите, нели? Но, како и да е – основното образование е по дефиниција првиот чекор кон одговорност и сериозност, фокусирање на инструкциите дадени од дома за послушност, концентрација и внимание. Додека пак, средношколците повеќе се радуваат на повторното минување време со пријателите, губењето часови и озборувањата на сметка на професорите. Веќе започна да звучи забавно нели?

Додека сите средби, поздрави и социјални мрежи се исполнети со желби за успех, волја и мотивација – ние само ќе се обидеме да Ве охрабриме да ја издржите и оваа учебна година, бидејќи дури подоцна ќе сфатите дека најубавото веќе поминало. И патем, да Ве расположиме со 10 паметни (и комични) изреки за училиштето, дополнети со една убава back to school фото-приказна, дело на JLogan Photography. Среќен почеток!

1

  1. Никогаш не сум дозволил моето школување да се меша со моето образование – Марк Твен
  2. Моите денови на училиште беа најсреќни денови во мојот живот, што треба да Ви даде некои индикации на мизерија. Јас сум ги искусил во текот на изминатите дваесет и пет години – Пол Мертон
  3. Правев тест по Егзистенцијализам. Ги оставив сите одговори празни и добив 100 поени – Вуди Ален
  4. Моето училиште беше толку тешко што дури и училишниот весник имаше секција за некролог – Норма Крозби
  5. Остроумноста функционира во моето семејство. Кога одев на училиште, јас бев толку паметен што мојот учител беше во истото одделение дури 5 години – Грејси Ален
  6. Јас нема да им купам на моите деца енциклопедија. Нека одат на училиште како што јас одев – Јоги Бера
  7. Во основно училиште, во случај на пожар ние требаше да се наредиме тивко во една линија, од најниски до највисоки. Која е логиката тука? Високите луѓе горат побавно? – Ворен Хачерсон
  8. Ќе научите по нешто секој ден, ако обрнувате внимание – Реј Леблонд
  9. Во младоста учиме, за да на одредена возраст можеме да се разбереме – Фон Ебнер Ешенбах
  10. Ако немаше училишта за да ги задржат децата далеку од дома на кратко, тогаш лудниците ќе беа исполнети со мајки – Едгар В. Хоу

2

3

4

5

6

7

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтилизиран дом во училишна барака
Следна објаваФото на денот | Прв училишен ден и за возрасните
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР