Од овој петок во Книжарница ТРИ во Скопје и книжарниците ширум Македонија ќе биде пуштено во продажба третото издание на македонскиот бестселер „Се гледаме на врвот“. За DA, Петров кажа дека:

„Иако успехот на книгата навистина ме радува, уште повеќе ме радува фактот што секојдневно добивам пораки од читатели кои велат дека книгата им го променила животот и ги натерала да веруваат во сопствениот талент и успех.“

Првата книга на Коста Петров, основачот на PWorld е една од најпродаваните книги во Македонија, со продадени две изданија за помалку од пет месеци, нешто што ретко се случува дури и со светските бестселери кај нас. Книгата која многумина ја нарекуваат новиот водич на младите, го води читателот на незаборавно патување низ Америка, Прага, Дубаи и Скопје и ги опишува искуствата на Коста при градење на глобален бренд од Македонија.

treto izdanie se gledame na vrvot

najava STRAVOT

Третото издание на „Се гледаме на врвот“ вклучува и најава за новата книга на Коста Петров со наслов „СТРАВОТ“ која ќе се најде во продажба веќе од следниот октомври. Новата книга ќе содржи и документарец на истата тема. Следниов извадок нека Ве држи заинтересирани до наесен:

“Ќе ги земеме на пример предизвиците. Универзумот кога ја праќа пораката, не праќа порака на предизвик или проблем. Напротив, токму спротивното. Тој ни испраќа порака на неограничени можности. Но, стравот за жал ги манипулира пораките и наместо да стигнат до нас како можности тие стигнуваат како предизвици.”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИсториски пасоши на познати личности
Следна објаваУлична уметност со оригами | Mademoiselle Maurice
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР