Чудо на Малдивите, Сонева Јани, стана синоним за луксузно живеење на островот …

Ова одморалиште веќе владееше со светот како вистински рај, нудејќи луксузни вили над водата. Сега, со отворањето на второто поглавје кое вклучува 27 нови луксузни вили на вода, три иновативни концепти за јадење и новиот велнес центар Сонева, слободно можеме да кажеме дека ова одморалиште ја задржа и ја зацврсти својата водечка позиција како дестинација за релаксација и подмладување.

Уживањето во зајдисонцето и изгрејсонцето во вилите над водата овде е искуство кое никогаш не се заборава и кое никогаш не е исто.

Прекрасниот ентериер на секоја вила нуди две спални соби, пространа дневна соба, простори за релаксација и фантастичен поглед на океанот.

Спалните соби се светли, се карактеризираат со дрвени текстури, неутрални бели тонови и детали како куфери, лустери и винтиџ вентилатори на таванот.

Некои елементи кои беа омилени кај гостите на ова одморалиште се префрлени во нови единици, како што се проsирни стаклени подови под трпезариските маси.

Конечно, тука е и комплетно органскиот ресторан So Wild by Diana Von Cranach. Станува збор за ресторан, лоциран во центарот на органската градина, кој со своето паметно уредено мени претставува ајурведски инспирации и ги истакнува состојките одгледувани на самото место.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеобичен облакодер кој ќе ја смени панорамата на Њујорк!
Следна објаваПрва машка колекција на Prada со креации на Raf Simons!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ