Уште откако излезе веста дека Raf Simons се приклучува со Miuccia Prada како ко-креативен директор на брендот минатата година, очекувавме одлични работи од оваа дизајнерска комбинација …

Откако практично го зацементира своето име како еден од најпознатите иконски модни брендови во целиот свет, брендот Прада го задржа своето познато триаголно лого, како и карактеристичните најлонски материјали, останувајќи разиграна, иновативна и моќна сила која ја движи индустријата.

За првата заедничка колекција за жени, дуото експериментираше со нови силуети и слоеви, како и нови логоа. Кога станува збор за машката мода, тие ја пренесоа целата приказна на ново ниво.

Претставувајќи ја колекцијата која во голема мера се состои од преголеми бомбер јакни, тесни костуми и кроени палта со едно-редно и дворедно закопчување, новата палета совршено ги комбинира наследството на Прада со уникатните силуети на Симонс и креациите слични на униформа.

Покрај тоа, колекцијата есен / зима 2021 година доби нови бои, вклучувајќи светли нијанси на циклама, темно зелена и други тонови. Станува збор за совршено носива колекција, која ја претстави луксузната суштина на Прада на беспрекорен начин.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавиот ресорт на светот станува попривлечен!
Следна објаваЗелен град: Рекламна кампања Michael Kors пролет / лето 2021 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ