Чудо на Малдивите, Сонева Јани, стана синоним за луксузно живеење на островот …
Ова одморалиште веќе владееше со светот како вистински рај, нудејќи луксузни вили над водата. Сега, со отворањето на второто поглавје кое вклучува 27 нови луксузни вили на вода, три иновативни концепти за јадење и новиот велнес центар Сонева, слободно можеме да кажеме дека ова одморалиште ја задржа и ја зацврсти својата водечка позиција како дестинација за релаксација и подмладување.
Уживањето во зајдисонцето и изгрејсонцето во вилите над водата овде е искуство кое никогаш не се заборава и кое никогаш не е исто.
Прекрасниот ентериер на секоја вила нуди две спални соби, пространа дневна соба, простори за релаксација и фантастичен поглед на океанот.
Спалните соби се светли, се карактеризираат со дрвени текстури, неутрални бели тонови и детали како куфери, лустери и винтиџ вентилатори на таванот.
Некои елементи кои беа омилени кај гостите на ова одморалиште се префрлени во нови единици, како што се проsирни стаклени подови под трпезариските маси.
Конечно, тука е и комплетно органскиот ресторан So Wild by Diana Von Cranach. Станува збор за ресторан, лоциран во центарот на органската градина, кој со своето паметно уредено мени претставува ајурведски инспирации и ги истакнува состојките одгледувани на самото место.