Со голема радост Ве информираме дека започна со работа www.sreknobebe.mk!

Среќно Бебе е огласник за бебешка и детска опрема, облека, играчки и останати производи.

Доаѓањето на свет на нов живот е најголемата радост за сите родители, роднини и пријатели. Но, тоа често претставува и голем трошок за родителите – сите знаеме дека бебешките производи се прилично скапи, се користат многу кратко, а некогаш остануваат сосема нови и некористени.

Среќно Бебе е место каде родителите, нови или искусни, ќе пронајдат ТОП производи за нивното бебе по екстремнопониски цениод оние во продавниците. Среќно Бебе е и одлична шанса родителите да ги огласат производите кои повеќе не ги користат и притоа да си повратат дел од потрошените пари – а да си купат нешто друго потребно за своите деца (или себе си!). Ослободете се од предметите кои само ви зафаќаат простор, а повеќе не се користат, и воедно, ЗАРАБОТЕТЕ!

Среќно Бебе започнува со работа ДЕНЕС! Затоа, ви подготвивме супер промоции и изненадувања!

>>>Сите кои ќе ја споделат Facebook страницата (овде) ДЕНЕС, ќе можат да огласуваат БЕСПЛАТНО во текот на целата година!

>>>Огласувањето е БЕСПЛАТНОво првиот месец. Објавете КОЛКУ САКАТЕ огласи! (по првиот месец сите НОВИ објави ќе чинат 35 денари, старите остануваат бесплатни и објавени).

>>> Првите најдобри 50 огласи ќе добијатТОП пакет;

>>>Други најдобри 50 огласи ќе бидат означени како ФУЛ пакет;

Овие огласи ќе бидат одбрани од администраторите на сајтот според: најдобро сочуван производ со најголема вредност по најдобра цена, најдобри фотографии и најдобар опис на производот.

Па затоа, отворете ги просториите каде ги складиравте овие работи, и започнете со фотографирање! Огласувањето е БЕСПЛАТНО а можноста да си ги повратите парите – голема! Идни родители – пребарувајте лесно и едноставно. Пребарувајте често, секогаш ќе има нови огласи, па шансите се големи да го најдете токму она што вам ви треба, „ганц“ ново, по нереално ниска цена. Вистинска премија!

Посетете го www.sreknobebe.mk а можете да ги следите и последните објави на www.facebook.com/sreknobebe

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИрина Тошева ја претстави новата екслузивна модна соработка со Моки и Ресорт Маврово
Следна објаваЖивотински принт во зимска сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ