Public Room, 15 декември 2018 год. од 12-14 часот
Кои се вредностите на твојот ум?
Цел на работилницата: Да се подигне свесноста за враќање на вредностите кои ни ја даваат смислата на животот
– Вежба – Препознавање на вредностите кои се избледени во општеството денес?
– Дискусиja – Како да ги поттикнеме вредностите кои ни се значајни, кај луѓето околу нас, во нашата заедница и општеството?
– Потпишување на книгата Бескраен ум
Бенефити за учесниците:
– Идентификување на личните вредности
– Дефинирање на посакуваната визија за својот живот
– Препознавање на значењето на вредностите за достигнување на сопствената среќа
– Зголемување на свесноста за себе
– Разбирање на личната мотивација
– Пронаоѓање на смислата на својот живот
Цена на работилницата: 300 ден.
*Во цената е вклучена и англиско-македонската збирка на мисли/мудрости БЕСКРАЕН УМ
Пријавете се со име, презиме и контакт телефон на annakostovska@yahoo.com
Но и доколку не сте успеале да испратите пријава, присуството е добредојдено.
Ана Јованоска екс Костовска има завршено Економски факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на департманот Менаџмент. Постдипломските МБА студии ги завршила на Шилер Интернационалниот универзитет во Ларго, Флорида каде што се здобива со признание за извонредно академско достигнување (Neil Armstrong Award) од страна на универзитет. Неодамна докторира на Економскиот факултет во Скопје на тема: Менување на организациската култура преку промовирање вредности кои поттикнуваат тимско работење.Автор е на англиско-македонските збирки на мисли/мудрости Бескраен ум и Бескраен поглед.



![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










