Еден од најпознатите дизајнери и неговиот бренд неодамна прославија 50 години постоење.
Да, станува збор за американски моден гуру Ралф Лорен, кој веќе половина век е во модата. Бидејќи станува збор за голем јубилеј, дизајнерот одлучи да го прослави на најнезаборавен можен начин.
Модната писта беше поставена на една од најпопуларните атракции во Њујорк, во Централ Парк, а Лорен ангажираше луксузни кочии за да ги донесе своите гости до местото, а потоа ги пречека со коктел.
“Мислам дека младите жени и мажи сакаат анти-мода. Бев потполно инспириран да го направам тоа. Колекцијата е винтиџ, индивидуална, еклектична и уникатна, a нема никаква врска со актуелните трендови. Тоа е важно за секое живо суштество, без разлика кој сака да биде и што сака да облече “.
Колекцијата за есен 2018 година е иконична на многу начини. Ги вклучува сите карактеристики кои брендот Ралф Лорен го направија безвремен, во текот на изминатите 50 години. Ова не е инстант мода која сите ја носат. Дизајните прикажани на ревијата се поврзани со наследството и претставуваат линија која ќе биде модерна и во следните 50 години.