Кога конечно ќе стигнеме добро да го погледнеме домашниот ентериер, сфаќаме дека нешто во нашиот простор не е како што треба, време е за промени …

Доколку сте подготвени да пробате нешто поинакво, слободно сменете ги вашите декоративни додатоци или мебел, обидете се да ги истакнете вашите ѕидови.

Креирањето на акцентиран ѕид може да претставува многу посложена задача, отколку едноставно менување на мебел, но секако вреди. Додавањето на уметност е совршен потег, но и само едно акцентирано дело, може да го смени целокупниот изглед на собата.

Ако сакате некои повеќе креативни идеи, во следните неколку пасуси, ќе добиете претстава за тоа, на кој начин декорацијата може да ја направи вашата дневна соба посебна.

Ви претставуваме неколку начини како својот ентериер да го направите интересен…

Големи уметнички дела
Уметнички дела со голем формат станаа популарни пред неколку години и дефинитивно ќе бидат повеќе популарни во текот на следните децении. Поставувањето на големи уметнички дела во дневната соба е идеално решение за создавање на централни точки преку кои можете да ги изразите своите мисли.

Камини
Камините најчесто се креираат во дневните соби, а акцентирањето на ѕидовите со овие објекти е совршен начин да се додаде удобност и комфор на просторот. Покријте ја целата површина на ѕидот со разновидни материјали, на пример, со тула или камен, и создадете камин во неговата средина, а можете исто така да обезбедите и простор за дрвата и да ја направите неговата убавина да се истакне уште повеќе.

Ѕидни тапети со интересни форми
Тапетите се враќаат повторно во мода, а создавањето на акцентиран ѕид со нивна помош е совршена идеја. За вашата дневна соба, изберете тапети во координирани бои и стилови, додека со овие декоративни елементи можете да покриете само еден ѕид по ваш избор или сите, ако одлучите така. Тапетите доаѓаат како многу убав начин на додавање стилско чувство во просторот, а кога ќе се заситите од нив, едноставно отстранете ги и заменете ги.

Галеријски ѕид
Галеријските ѕидови се многу интересни детали во секој простор, од влезните делови, до спалните соби, бидејќи тие лесно можат да го персонализираат вашиот амбиент. Направете еклектичен, бохо, модерен или галеријски ѕидови со било кои фотографии  или слики, како што сакате. Додадете монограми и различни креативни знаци и направете ја вашата дневна соба поинтересна и … уживајте во вашата креација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова пролетна кампања на Oscar de la Renta!
Следна објаваОгномет од бои во новата make up колекција на YSL !
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР