Дали и вие кога сте биле дете, сте замислувале дека имате само свое место за фантазирање, размислување и криење од возрасниот свет, кој во тоа време не сте го разбирале најдобро? Дали некогаш сте посакале да имате куќа на дрво?
Одамна е минато времето, кога куќичките на дрво беа наменети само за децата, нестручно направени од неколку даски, само за да се задоволат најмалите.
Градењето куќи на дрво, денес стана посериозна работа, па сега имаме и куќи во кои има се, како во обичните куќи, но и на дрвјата има хотели чии бунгалови се наоѓаат токму на дрвјата во шумите…
Ги одбравме за вас најинтересните и најфасцинантните градби од целиот свет, кои се наоѓаат на дрвјата. Уживајте во тоа.
Три куќички (Британска Колимбија, Канада)
Куќа со огледала – Шведска
Птичје гнездо – Шведска
Куќа Хемлофт – Канада
Небодер на дрво – Канада
Најголема куќа на дрво – Тенеси САД
Ресторан – куќа – Нов Зеланд
Куќа од бајките – Сиетл
Куќа или топка? Канада
Куќа – коцка – Јапонија
Крива куќа – Белгија – Гент
О2 Куќичка – САД
Авион куќа – Костарика
Како што можете и сами да видите, последнава куќа е направена од руина на стар авион и претворена во луксузен апартман.
Што велите, дали и вие би можеле да живеете во една од овие куќи?