Овие две дијамантски обетки поставија светски рекорд за најскап пар обетки некогаш продадени на аукција, за 57,4 милиони американски долари.

Постојат ретки камења, но постојат и тие кои се исклучително ретки, како синиот дијамант од речиси 15 карати, кој е пронајден во рудниците на Јужна Африка. Наречен е “Син Аполон” во чест на грчкиот бог на сонцето. Аполон исто така, има и сестра близначка, розевиот дијамант. Артемида заштитничка на месецот во чија чест е наречен розевиот дијамант е со прекрасна чистота од 16 карати.

За сината дијамантска обетка, среќниот и богат сопственик, платил 42 милиони долари, додека розевата дијамантска обетка е продадена за повеќе од 15 милиони долари.



![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










