Канадската рударска компанија “LUCARA DIAMOND” неодамна го пронајде вториот по големина дијамант во светот. Тој е ископан на територијата на централна Боцвана и претставува најголемото откритие на дијаманти во последниов век. Дијамантот има 1.111 карати а неговата вистинска вредност сеуште не е проценета, и со таа цел компанијата ќе го префрли во Антверпен, Белгија каде што ќе биде вистински проценет. Инаку дијамантот е веќе класифициран како IIa категорија на дијаманти која ја сочинуваат само 2% од сите природни дијаманти во светот. Истражувачите велат дека по откривањето на овој дијамант биле ископани уште два големи дијаманти кои се проценети на 813 карати. Интересно е да се спомене дека дијамантите се проценуваат по својата чистота односно не треба да содржат азотни нечистотии и бор, а треба да имаат и неверојатна спроводливост. Она што ги прави уникатни како такви е поставеноста на јаглеродните атоми во форма на дијамант што значи дека секој јаглероден атом е цврсто врзан за 4 други јаглеродни атоми и токму оваа поврзаност ја овозможува цврстината на дијамантите. Дијамантите се формираат од голем број минерали кои во себе содржат јаглен, а кои во услови на високи температури и под голем притисок во период од 1 до 3 милијарди години ја добиваат својата форма. И сето ова се случува на длабочина од 150 до 190км под површината на земјата ,’верувале или не’ драги наши читатели!!

04a1146965884b5c7a5160d0e587f24f

a-cut-above-diamonds

Cullinan_Diamond_and_some_of_its_cuts_-_copy

cullinan-diamond-story

cullinan3

18061070071_d2210438c9_b

cullinan_1_2_5

Largest_diamond_in_over_century_found_in_Botswana

 

НЕМА КОМЕНТАРИ