Лучија од Ламермур – Гаетано Доницети 20:00 – 22:30 11.04.2014

Една од водечките белканто опери во светската оперска литература.

Диригент: Норман Виџаја (Индонезија)

Режисер/Сценограф: Лев Пулиезе (Италија)

Костимограф: Марија Пупучевска

Лучија: Ана Дурловски
Енрико: Борис Трајанов
Едгардо: Ѓорѓи Цуцковски
Артуро: Дејан Стоев
Рајмондо: Владимир Саздовски
Ализа:  Марика Поповиќ
Нормано: Зоран Даскаловски

 

Кратка содржина

 

Старото ривалство помеѓу семејствата Равенсвуд и Астон продолжува. Енрико Астон по дојавата на командантот на неговата војска Нормано, се сомнева дека неговата сестра Лучија се гледа со момче кое ја спасило од нападот на разбеснет бик и дека можеби е тоа Едгардо, последниот потомок на семејството Равенсвуд. Енрико има планови Лучија да ја омажи за Артуро Букло и на тој начин да го поврати угледот на семејството. Едгардо, на тајна средба и објавува на Лучија дека се спрема за Франција. Ја дарува со прстен како залог за нивната љубов и верност.

Енрико ги запленува писмата на Едгардо упатени до Лучија, а и дава лажно писмо кое сведочи за предавството на Едгардо. Разочарана, Лучија се согласува да се омажи за Артуро. На денот на свадбата во свечената сала, Лучија го потпишува свадбениот договор. Во тој момент во салата упаѓа Едгардо и во крајно напната ситуација ја прашува Лучија дали на свадбениот договор потписот е нејзин. Збунета, Лучија потврдува. Револтиран, Едгардо и го бара прстенот, го фрла на земја и заминува.

Едгардо и Енрико се среќаваат во предворјето на кулата Волфераг и во непомирлов дијалог решаваат да имаат дуел в зори. Во замокот, каде сеуште се слушаат свадбени ѕвона, во свечената сала влегува Лучија со нож во рацете. Нејзината ноќница е сета во крв. Таа го убила Артуро. Нејзиниот поглед е заматен, лудачки. Пред шокираните гости, таа се движи низ салата сеќавајќи се на миговите на нивната љубов.  Неможејќи да ги издржи ударите на судбината, паѓа мртва.

Едгардо во очекување на дуелот, решава да му дозволи на Енрико да го убие. Од замокот се слушаат тажни звуци и тој се обидува да влезе внатре, но Рајмондо го спречува и го известува за смртта на Лучија. Потресен од веста Едгардо се прободува со нож и умира со последната мисла упатена кон Лучија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФранцуско сликарство | William Adolphe Bouguereau
Следна објаваСилни бои и емоции | Leonid Afremov
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ