Во оваа историски шармантна проза, главниот лик, стациониран во инвалидска количка доживува мемориски шок кога дознава дека циркусот е повторно во неговиот град. Иако тој не може да зборува за нив, спомените сеуште живеат длабоко во неговата душа – Џејкоб Џенковски на деведесет и нешто години, заглавен во старечки дом кој му служи како одмаралиште од макотрпната приказна која започнала во 1930 година, оставајќи го сирак, а истовремено и студент по ветерина. Разгорувањето на неговата меморија понесува серија флеш-бекови кои го илустрираат неговиот живот по принудуното напуштање на студиите и непланираното качување во возот на браќата Бензини, најпопуларното патувачко-циркуз шоу. Тој се сеќава на своите пријатели, на Марлена и Роузи, на својата трагедија и присутните измачувачки спомени…

„Животот е најспектакуларното шоу на Земјата.“

„Вода за слонови“ насилно почнува на чуден терен – откако родителите на Џејкоб се убиени при сообраќајна несреќа, бесцелно се приклучува на циркускиот воз, за подоцна да се случи да побара работа како ветеринар. Неговиот одговорен карактер го вовлекува во непредвидливата орбита на размислување и делување на Абгуст Росенблут, непостојан менаџер и режисер на циркузот, како и во кругот на неговата жена Марлена, чија ентузијастична убавина и непокорливост ја привлекува толпата во шаторот. Џејкоб директно се инволвира во бизарна субкултура на акробати, аереалисти, кореографи, мечувачи, тренери; меѓу кои постои работно-пријателски систем на односи. Но, Големата Депресија забележана во историјата се отсликува и во циркузот Бензини – oдлучувачкиот чекор за спасување на касата е купување на слонот Роузи, масивно суштество со неугаслива жед и неспособност да следи ниту една единствена команда. Браќата Бензини се осудени на пропаст. Се додека Џејкоб не изведе изненадување кон големото, но нежно животно да ги следи наредбите на неговиот јазик, го поштедува циркузот од финансиски одговор на кризата и цели кон срцето на романот. Врската која се раѓа меѓу еден човек и еден слон е врска сочинета од љубов и доверба и во крајна линија, нивна единствена надеж за опстанок. Џејкоб како единствен морален компас со светот на понижување, злоупотребување и омаловажување на личностите и животните станува самонаречен заштитник на прегазеното достоинство презентирано преку Август и… и, се влубува во неговата Марлена. Не е баш негова најдобра идеја.

„Иако постојат моменти кога би дал се за да ја имам неа назад, мило ми е што таа си замина пред мене. Тоа што ја изгубив значеше отцепување на дел од мене, тоа беше момент кога се се заврши за мене. Не би сакал таа да го доживееше ова наместо мене. Да се биде преживеан е вистинско измачување,“

вели Џејкоб, со својата 70 годишна меморија. Сеќавањата врзани за вистинскиот американски циркуз преку брилијантни детали и визуелна поткрепеност со пишана грандиозност и метафорички потенцијал ја воздигаат Сара Груен на прв план како креаторка на некомпаративен спектакл. Со експерт-тајминг, таа го трансформира волшебното бегство од реалноста во една американска бајка на 335 страници.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСреќен Амстердам | Betty Gaiss
Следна објаваУште десеттина дена до финалето на XFactorAdria
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР