001Луксузна и интелегентна сторија која ветува масивно уживање за припадничките на понежниот пол, но не условно наменета само за нив. Зошто, ќе се запрашате…

Церемонијален приказ на политиката како балет претстава, раскошен портрет на животот во зародишот на цивилизирана Кина, лесно сфатлива и покрај својата егзотична комплексност. Од интернационално афирмираната авторка под псевдоним Шан Са, доаѓа најмаркантното дело кое фрла светлина врз жената како лидер и апсолутен водач, стационирана во седмиот век за време на владеењето на династијата Танг. Избрана да стане една од кралските конкубини, една девојка е втурната во егзотиката на Забранетиот град, каде мора да научи да се движи во ритамот на политиката, судските интриги и ниските нагони.

Создавањето на „Царица“ се среќава во феноменот на првата и единствена жена која седнала на тронот на Кина во нејзината 5.000 годишна историја – нејзиното Височество, Ву Зи Тјан (позната како Светлината на рајот), се одликува со безмилосност во својот подем да го постигне и да се одржи на врвот, како и со напорност да го направи животот подобар за нејзините маргинализирани поданици. Покрај нејзината одговорност како царица, никогаш не го заобиколила потенцијалниот прогрес на својата Кина од аспект на земјоделство, инфраструктура или права на жените. Наѕирајќи во остроумниот интелект и високо интелегентен однос на царицата, Шан Са го отсликува нејзиниот живот почетно како дефинитивен анонимец кој доаѓа од растроено семејство, чиј прогон од будистичкиот манастир значи апсолутна покана за конкубина. Чувствувајќи се како дисидент во сопствена кожа, таа препочита јавање и стрелаштво наместо везење и пеење: повеќе ја интересира прагматичноста на империјалистичката политика, отколку должноста да се задоволи царот во кревет. Но, без оглед на тоа, таа го добива неговото внимание, по што следи и неговата доверба, за на крајот да го добие неговото срце. И неговиот престол. Најсилниот аспект на приказната е чувството на емоционална изолација на самата царица. Таа страда од осаменост, секој ден за неа е нова борба за управување со нејзиниот сопруг (кој полека, но сигурно умира), во иманентниот маѓепсан круг на крволочна администрација, судство, евентуални наследници на царот кои го бараат своето место во импeријата. Не е лесно да се биде владетел – поголемиот дел од животот е отелотворување на Дарвиновата теорија…борба за опстанок во разурнувачки емоционалната власт.

Интригантна и длабока, со силна смисла и визуелизација на најзначајната фигура во историјата на Кина, со акцент на женскиот облик и женската интуиција, иако не се дава предност на династијата во однос на Ву Зи Тјан. Фасцинантна перспектива на кинеската култура, одличен осврт на контроверната личност на царицата, која на крајот од денот, сепак е жена:

Им завидував на оние убавици кои продефилираа пред мене. Нивната убавина се’ уште стои непроменета, животот им се состои од одмазда на животот – прераната смрт е тајната на вечната младост.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан во Париз
Следна објаваФото на денот | Пеперутка и јоргован
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ