Од малиот милион начини како да ја покажете Вашата љубов кон книгите, авторите и читањето како навика – одредени компании за производство на забава одлучија истите да ги преточат во мини-пластични-верзии од најголемите книжевни имиња. Токму во периодот кога навистина се двоумите како да ја изненадите Вашата ќерка опседната со книги, Вашиот колега со рафиниран книжевен вкус или пак, Вашите пријатели од библио-клубот (бидејќи за било кој наслов да се одлучите, на крајот ќе испадне или дека веќе го имаат или барем, дека го прочитале); одлучивме да Ви помогнеме во разрешување на дилемата. Книжевни кукли, како прототипови на нивните омилени автори би биле совршен подарок, кој е достапен преку е-продажба.

Почнувајќи од Твен, преку Мери Шели, па се’ до Шекспир и неговата дружина, Ве уверуваме дека не само што овој гест ќе предизвика насмевка на Вашиот драг библиофил, туку во најмала доза, ќе ги поттикне во иднина да станат колекционери на ваквите мали уметнички дела кои ја слават книжевноста.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМалечка ѕвезда | Ентони Де Стефано
Следна објаваМашки џемпери за оваа зима
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР